Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЧНАЛ ДА СЕ ГУШИ: Имало обид за труење на Асад во Москва?

ПОЧНАЛ ДА СЕ ГУШИ: Имало обид за труење на Асад во Москва?

Соборениот сириски претседател Башар ал Асад, кој со семејството е во Москва откако бунтовниците ја презедоа контролата врз Сирија, наводно е отруен, јавуваат руските медиуми, пренесува нова.рс.

Според тврдењата, труењето делува како обид за атентат врз Асад, кој беше евакуиран во Русија по лична наредба на претседателот Владимир Путин.

Во текот на викендот, телеграмскиот канал Генерал СВР, наводно управуван од поранешен висок руски разузнавач, објави дека Асад почнал да се чувствува лошо во неделата, жалејќи се на проблеми со дишењето.

Поранешниот сириски претседател веднаш потоа повикал лекарска помош, но неговата состојба се влошила. Наводно почнал да кашла и да се гуши, а подоцна почувствувал главоболка и стомачни болки. До доаѓањето на лекарскиот тим, неговото здравје било сериозно загрозено, иако водата привремено му ги ублажила симптомите. Претставниците на Кремљ веднаш биле информирани за ситуацијата и било наредено Асад да се лекува дома наместо во болница. До понеделник неговата состојба се стабилизирала и наводно се чувствувал подобро.

Сепак, резултатите од тестовите на крвта укажуваат на присуство на отровна супстанција во неговото тело. Според генералот СВР, помошникот на рускиот претседател Николај Патрушев е информиран за наодите, а истрагата е во тек. Сè уште не е јасно како Асад бил изложен на отровот.

Во првата половина на декември лани, бунтовниците го соборија режимот на Асад, по што тој избега и доби азил во Русија. 

„Башар ал-Асад не успеа да ги исполни основните потреби на народот“, вели рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. 

Лавров изјави дека падот на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад се должи на неговата неспособност да ги исполни основните потреби на народот и да постигне компромис со бунтовничките групи.

Слично

Поврзани вести