Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЧНАА ВЧЕРА, ЗАВРШУВААТ ВО САБОТА: Кина гради нова фабрика за заштитни маски поради коронавирусот

ПОЧНАА ВЧЕРА, ЗАВРШУВААТ ВО САБОТА: Кина гради нова фабрика за заштитни маски поради коронавирусот

Кинеската метропола Пекинг ќе направи нова фабрика за маски во рок од само шест дена.

Оваа одлука е донесена за да се задоволи се поголемата побарувачка за тој вид заштитна опрема поради епидемијата од коронавирусот, известија кинеските агенции.

Фабриката, која кинеската компанија „First Construction Group“ од една индустриска зграда ќе ја претвори во погон за изработка на маски, ќе може да произведува 250 000 маски дневно, се наведува во информацијата.

Произведувачите на маски и друга заштитна опрема ширум светот не успеале да ја задоволат растечката побарувачка предизвикана од епидемијата која во Кина уби повеќе од 1700 луѓе, пренесе Ројтерс.

Минатиот месец, компанијата ЦМ Маск, кинески произведувач на маски за лице кој снабдева 30 отсто од домашниот пазар, соопшти дека дневните нарачки од пет милиони маски за повеќе од 10 пати над вообичаеното ниво.

Работите на нивата фабрика почнале вчера а би требало да финишираат до сабота.

Слично

Поврзани вести