Почнаа натегања во ЕУ – кој да биде претседател на Европската комисија?
И Данска, каде што владината коалиција ја предводат социјалдемократите, го поддржува Јункер.
„Тој е одлична личност за да ги унапреди и поддржи данските интереси“, рече вчера данската премиерка ХелеТорнинг-Шмит.
Германската канцеларка Ангела Меркел на почетокот се двоумеше, но потоа исто така застана зад Јункер. Сепак таа смета дека на Британците треба да им се излезе во пресрет со други персонални решенија.
„Тоа не значи дека можат да се задоволат сите желби, но сепак може да се размисли, што е на друга страна исто така важно за Британците“, рече Меркел.
Но, Камерон во Велика Британија има широка поддршка и од власта и од опозицијата во спротивставувањето на изборот на Јункер за наследник на Жозе Мануел Баросо, што ги прави неговите ставови уште поригидни. Како резултат на ова, британскиот премиер дури и се закани дека неговата земја ќе ја напушти Унијата ако Јункер биде избран. Ова се очекува да предизвика жестока расправа на денешниот европски самит во Брисел.
