ПОЧНА: Ситигруп ќе ги отпушти вработените кои не се вакцинирани до крај на месецот
Ситигруп ќе ги отпушти невакцинираните вработени до крајот на месецот, бидејќи останува на барањето за задолжителна вакцина што компанијата го објави во октомври.
Банката му даде рок на персоналот со седиште во Соединетите држави до 14 јануари да достави доказ за ставена вакцина против коронавирусот или да побара верски, медицински или правни исклучоци.
Работниците кои нема да го почитуваат ова а за кои кој е потребна целосна вакцинација, ќе бидат ставени на неплатено отсуство на 15 јануари и отпуштени на 31 јануари, рече извор од компанијата. Според него, некои вработени можеби нема да добијат бонуси на крајот на годината, освен ако не потпишат документи со кои се согласуваат да не ја тужат компанијата.
Повеќе од 90 отсто од 65.000 вработени во Ситигруп во САД го исполниле барањето, рече лицето.
Веста претходно ја објави Bloomberg News.
Правилата за вакцини се деликатно прашање за фирмите од Волстрит и другите големи работодавци. JPMorgan Chase, најголемата американска банка, не наметна услов, но на крајот на минатата година рече дека поради владините обврзувања „тешко или невозможно“ е компанијата да продолжи да вработува невакциниран персонал. Банката на Америка исто така не бара вакцина како услов за вработување, но силно го охрабри персоналот да добива вакцини и бустери, и побара од работниците да ја информираат компанијата за нивниот статус.
Фото EPA