Почна прославата за Божиќ во Витлеем
Прославата за Божиќ според Јулијанскиот календар почна во Витлеем, библискиот град на Западниот брег во кој според христијанските верувања се родил Исус Христос, со собирање на големодостојниците како и стотици локални верници и туристи на плоштадот пред Црквата Христово раѓање.
Тие се собираат и покрај студеното време и прогнозите дека регионот на Блискиот исток вечерва ќе биде зафатен од силна снежна бура. Од раните утрински часови палестинските христијани од целиот Западен брег марширале покрај градот, свирејќи со гајди и тапани.
Се очекува на вечерашната литургија да присуствува палестинскиот претседател Махмуд Абас и пратеникот на јорданскиот крал Абдулах.
Ова е втор божиќ кој се слави во Витлеем, првиот беше според грегоријанскиот (католички) календар на 25 декември, а претстои уште една прослава на ерменски Божиќ на 19 јануари.
Слично
