Почна Нејмар треската во Париз, навивачите како луди купуваат дресови
Нејмар Јуниор ќе биде новиот симбол на фудбалскиот дел на Париз откако Бразилецот реши да ја напушти Барселона каде беше во сенка на Лео Меси и целосно да блесне кај „Светците“. Токму затоа за само 6 часа откако неговиот потпис стана официјален фановите купиле неверојатни 10.000 дресови.
На овој начин ПСЖ многу брзо ќе си ги врати вложените 220 милиони евра кои и ги плати на Барселона за доведување на Нејмар во Париз што е рекордна сума во светот на фудбалот и двојно повисока во однос на претходниот трансфер на Погба од Јувентус во Манчестер.
Се проценува дека просечната цена на дресот е 100 евра, па вие сами направете ја математиката.
Официјалнaтa продавница на ПСЖ веќе прави дополнителни нарачки од сите дресови за новата сезона, бидејќи не може да постигне да ги исполни сите барања на фановите.
Нејмар е машина за правење пари, младите го обожуваат на социјалните мрежи, а спонзорите се тепаат за негов потпис за промоција на производи, па така маркетиншки гледано ПСЖ направи полн погодок, се чека уште младиот фудбалер да им донесе и многу титули.
