ПОЧНА ДА КОРИСТИ ИНВАЛИДСКА КОЛИЧКА ПОРАДИ БОЛКИ ВО НОЗЕТЕ - Милош Земан повторно е примен во болница
Чешкиот претседател Милош Земан е примен во болница во Прага, пренесуваат чешките медиуми.
Земан неодамна го откажа телевизиското интервју во живо поради здравствени проблеми.
77-годишниот политичар минатиот месец беше примен во болница осум дена, а неговата канцеларија соопшти дека страда од дехидрација и блага исцрпеност.
Претходно оваа година, тој почна да користи инвалидска количка поради болки во нозете.
Слично
