Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЧИНАЛА НЕКОЛКУ ДЕНА ОТКАКО ЈА ПРИМИЛА ВАКЦИНАТА - Нов Зеланд го пријави првиот смртен случај од Фајзер

ПОЧИНАЛА НЕКОЛКУ ДЕНА ОТКАКО ЈА ПРИМИЛА ВАКЦИНАТА - Нов Зеланд го пријави првиот смртен случај од Фајзер

Нов Зеланд пријави прв смртен случај поврзан со вакцината на „Фајзер/Бионтек“.

Ова го соопшти независното тело за набљудување на безбедноста на вакцините, која кажа дека жената нејверојатно починала од миокардитис (воспаление на срцевиот мускул), притоа додавајќи дека имало и други медицински причини кои можеле да придонесат за трагичниот исход.

Миокардитис е познат, но многу редок ефект на вакцините на „Фајсер“ и почесто се јавува кај мажи на помлада возраст.

Официјалната причина за смртта допрва ќе се утврдува, но телото за набљудување на безбедноста на вакцините во Нов Зеланд смета дека миокардитисот е последица од вакцинирањето.

„Ова е прв случај во Нов Зеланд смртта да настапи неколку дена по примањето на вакцината на ‘Фајзер/Бионтек‘“, објави министерството за здравство, не наведувајќи ја возраста на починатата жена.

Како симптоми на миокардитис се наведуваат болка во градите, губење здив и абнормални отчукувања на срцето.

Слично

Поврзани вести