ПОЧИНАА ПОД СОМНИТЕЛНИ ОКОЛНОСТИ: Бивши заповедник на руските воздушни сили и сопругата се најдени мртви
Уште едно воено лице во Русија почина на мистериозен начин.
Бивши заповедник на руските воздушни сили е пронајден мртов заедно со неговата сопруга. Одликуваниот генерал-полковник Владимир Свиридов (68) и неговата сопруга Татјана (72) биле мртви околу една недела пред нивните тела да бидат пронајдени, известија руските медиуми.
Тој своевремено го критикувал русиот претседател Владимир Путин дека раководи со „третокласни воздушни сили“, предупредувајќи дека високи офицери си заминуваат поради слабите плати и услови.
Руските медиуми пишуваат дека причината за смртта на Свиридов засега не е утврдена. Тој и неговата сопруга се пронајдени во нивниот дом во селото Аџиевски во регионот Ставропол. Новинската агенција „РИА новости“ објави дека на нивните тела немало траги на насилство.
Свиридов бил заповедник на Шестата армија на руските воздушни и одбранбени сили и на оваа функција бил од 2005 до 2009 година. Позицијата ја изгубил по серија јавни критики за состојбата во која што се наоѓаат руските вооружени сили.
Откако почна војната во Украина, многу критичари на Путин, бизнисмени, воени лица беа пронајдени мртви. Тие починаа под сомнителни околности.foto Twitter
