Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почина соработник на Хамнеи од повреди здобиени при напад

Почина соработник на Хамнеи од повреди здобиени при напад

Поранешниот ирански министер за надворешни работи Камал Харази почина од повредите здобиени во воздушен напад, утрово јавија иранските државни медиуми.

Харази, кој беше на чело на Стратешкиот совет за надворешни односи е ранет неколку дена претходно во израелско-американски воздушен напад, пренесе државната новинска агенција ИРНА, наведувајќи дека „починал пред неколку часа“.

Тој беше министер за надворешни работи на Иран од 1997 до 2005 година. Последната функција му беше советник на долгодишниот врховен лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, според медиумските извештаи.

Али Хамнеи загина во нападите на Израел и САД врз Иран на 28 февруари, денот кога почна војната. 

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести