Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почина Шенон Доерти од „Беверли Хилс“ на 53 години

Почина Шенон Доерти од „Беверли Хилс“ на 53 години

Актерката Шенон Доерти, позната по улогите во хит серијата „Беверли Хилс, 90210“ и магичната фантазија „Charmed“, почина откако во 2015 година и беше дијагностициран рак на дојка. Таа имаше 53 години.

„Со голема болка потврдувам дека актерката Шенон Доерти почина. Во саботата, на 13 јули, таа ја загуби битката со ракот по долги години борба со болеста“, изјави нејзиниот публицист Лесли Слоун за магазинот People.

Доерти се прослави во 1990 година како Бранда Волш во „Беверли Хилс, 90210“ на Фокс. Таа се појави во 111 епизоди пред да ја напушти серијата на крајот на четвртата сезона, по извештаите за конфликти со другите членови на актерската екипа.


Слично

Поврзани вести