Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почина јужнокорејската актерка кој била киднапирана од властите во Северна Кореја

Почина јужнокорејската актерка кој била киднапирана од властите во Северна Кореја

Јужнокорејската актерка, која беше киднапирана од страна на Северна Кореја и принудена да снима филмови за државата, почина на 92 години.

Чои Еун-хи беше позната актерка на Југот кога била киднапирана под наредба на тогашниот лидер Ким Јонг-ил во доцните 1970-ти.

Нејзиниот поранешен сопруг, познат режисер, исто така беше киднапиран неколку месеци подоцна. Тие успеале да избегаат.

Северна Кореја отсекогаш негираше дека власите таму го киднапирале парот.

Чои починала во понеделникот попладне во болница во Јужна Кореја.

„Мајка ми почина кога отиде во болница за бубрежна дијализа ова попладне", изјави најстариот син на Чои, режисерот Шин Чонг-гун, за весникот Yonhap.

Според книгата "Ким Јонг-ил продукција", таа како млада била убедена да оди во Хонг Конг. Откако отишла во Хонг Конг, таа била киднапирана од група мажи. Осум дена подоцна актерката се нашла во Пјонгјанг во луксузна вила која постојано била чувана.

Без разлика на тоа што тие биле разведени, нејзиниот поранешен сопруг одлучил да оди и да ја бара. Подоцна и тој бил киднапиран.

Двојката потоа минувала низ патот на ѕвездите снимајќи филмови за Северна Кореја.

По цели осум години двојката ја добила довербата на Ким и им било дозволено да патуваат во Виена за наводно да ги промовираат своите филмови.

Во Виена тие побарале политички азил во американската амбасада. По неколлку години тие се вратиле во Јужна Кореја.


извор и фото: BBC news


Слично

Поврзани вести