Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почина познатиот Живанши

Почина познатиот Живанши

Познато име, препознатлив стил, елеганција која ја следеа многумина. Сето тоа беше познатиот Убер де Живанши кој ќе остане врежан во срцата на многумина ширум светот. 

На 91-годишна возраст почина Убер де Живанши, аристократскиот француски моден дизајнер познат по „малиот црн фустан“ и стиловите на Одри Хепберн и Џеки Кенеди. 

Живанши го постави моделот на дамски шик во 1950-тите и 1960-тите години, а неговиот едноставен стил на облека сè уште го следат британската кралица Елизабета Втора и постарите членови на американскиот и кинескиот џетсет.

Неговиот партнер, поранешниот дизајнер на висока мода Филип Вене, соопшти за неговата смрт преку модната куќа Живанши, велејќи дека тој починал во сон во саботата. Тие живееа заедно во ренесансен замок во близина на Париз.

„Со огромна тага ве информираме дека почина Убер Тафин де Живанши“, се вели во соопштението за Франс прес.

Луѓето го паметат како креатор на филмската и личната гардероба на неговата долгогодишна муза, Одри Хепберн, во филмовите меѓу кои и „Појадок во Тифани“ и „Смешно лице“.



Слично

Поврзани вести