ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ ДИЗАЈНЕР КОЈ СТАНА ДИРЕКТОР НА МОСКИНО ПРЕД САМО ДЕВЕТ ДЕНА: Причината за смртта на 46 годишниоит Рене е непозната
Италијанскиот
моден дизајнер Давиде Рене почина девет дена откако стана креативен директор на
„Москино“, на 46-годишна возраст. Причината за смртта не е позната, но
матичната компанија „Aeffe“ наведува дека станува збор за „ненадејна болест“.
Тој почина вчера во Милано, јави Би-Би-Си.
Рене претходно беше задолжен за женската гардероба во „Гучи“, каде работеше речиси 20 години.
Компанијата „Aeffe“ наведува: „Нема зборови со кои можеме да ја опишеме болката што ја чувствуваме во овој драматичен момент“. Иако беше со нас кратко, Давиде веднаш не натера да го сакаме и почитуваме.
Рене е роден во Тоскана во јули 1977 година. Студирал на Универзитетот во Фиренца и на модното училиште Полимода. Кариерата ја започна работејќи со менторот Алесандро Дел Аква, пред да почне да работи за „Гучи“. Во февруари, тој требаше да дебитира за Москино со првата колекција.
фото: Instagram