Почина навивач во Ница, се забранува алкохол околу стадионите
Од петокот наваму се приведени 63 фудбалски навивачи поради правење нереди, а се запира и продажбата на алкохол околу стадионите во цела Франција.
Фудбалски навивач од Северна Ирска почина во францускиот град Ница откако се качил на оградата и паднал на главата. Ова е прв загинат фан за време на Европското првенство во фудбал во Франција.
„Инспекторите се сомневаат дека станува збор за смрт како резултат на инцидент"- рече портпаролот на полицијата.
За време на инцидентот 24-годишниот Ирец бил пијан.
Во меѓувреме француските власти соопштија дека од почетокот на турнирот - петок, уапсиле 63 лица.
Поради масовните тепачки првично беше забранета продажба на алкохол околу стадионите во Марсеј, но забраната ќе стапи на сила во цела Франција.
Ова се случува по тридневните судири во Марсеј, при што еден навивач е во животна опасност, како оние од вчера во градот Лил.
За време на немирите навивачите се гаѓаа со шишиња и други предмети.
