Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЧИНА КОНТРОВЕРЗНИОТ БИЗНИСМЕН, СУБРАТА РОЈ: Еве како го памети Македонија

ПОЧИНА КОНТРОВЕРЗНИОТ БИЗНИСМЕН, СУБРАТА РОЈ: Еве како го памети Македонија

По долго боледување, почина контроверзниот индиски бизнисмен, Субрата Рој. Како што пишуваат медиумите, тој бил примен во болница во неделата, на 75 годишна возраст, откако му се влошила состојбата поради многубројните здравствени проблеми. 

Според пишувањата на медиумите, во 2014 година Врховниот суд на Индија наредил притворање на Субрата Рој поради спор со Одборот за хартии од вредност на Индија, што довело до долга судска битка, по која завршил и во затвор.

Субрата Рој се појави во Македонија во првата половина на 2010 година, кога се поврзуваше со градење на голем туристички комплекс во Љубаништа и со купување на агрокомбинатот „Џумајлија“, а како потсетник на него остана недовршениот споменик на Мајка Тереза на плоштад Македонија во Скопје, што од владата на ВМРО-ДПМНЕ беше претставуван како негова донација.


Слично

Поврзани вести