Почина контроверзниот бизнисмен и политичар Силвио Берлускони
Поранешниот италијански премиер Силвиот Берлускони почина на 86-годишна возраст, откако изминатите четири денови беше хоспитализиран во Милано поради леукемија. Ќе остане запаметен по секс-скандалите и аферата „Бунга Бунга“ во која се тврдеше дека им плаќал на проститутки за да не го кажуваат во јавност.
Тој беше лидер на политичката партија Форца Италија. што беше официјално основана во јануари 1994 година, а телевизискиот магнат и поранешен прв човек на фудбалскиот клуб Милан беше премиер кратко време - седум месеци во 1994 година, пред повторно да биде назначен на истата позиција во 2001 година.
Втората влада на Берлускони е најдолгата во историјата на Италијанската Република. Потоа, на 23 април 2005 година, формираше нова влада без поголеми промени во нејзиниот состав. На 12 ноември 2011 година Берлускони поднесе оставка до италијанскиот претседател Џорџо Наполитано, по губењето на парламентарното мнозинство и големата економска криза што ја зафати земјата.
Според магазинот Форбс, Силвио Берлускони е најбогатиот човек во Италија со имот вреден 12 милијарди долари, но во истражување направено во 2005 година, а своевремено бил и 25-ти најбогат човек во светот.
