ПОЧИНА КОМАНДАНТОТ НА АЗОВ: Беше во руско заробеништво, се спаси при експлозијата во логорот Оленивка
Почина Олех Мудрак, командантот на првиот баталјон на украинската единица „Азов“. Веста за смртта на својот Инстаграм профил ја потврди неговиот братучед Данило.
Мудрак помина шест месеци во руско заробеништво и преживеа експлозија во логорот Оленивка. Русите го ослободија во септември лани. Неговиот роднина, сепак, не ја откри причината за смртта, пишува „Украинска правда“.
Мудрак го бранеше градот Мариупол уште во 2014 година, а учествуваше и во жестоки борби за челичарницата „Азовстал“ по почетокот на руската инвазија на Украина лани во февруари. Веста за смртта на Мудрак ја објави Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи. Тој објави и фотографија на која се гледа Мудрак пред и по руското заробеништво. Една година Украина се бори против руските сили. Западот и натаму ќе ја поддржува Украина и велат дека рускиот претседател Владимир Путин не смее да победи.
„Aко Русија не победи во Украина, таа ќе се распадне“, вели екс рускиот претседател Дмитри Медведев.
