Почина канцеларот кој ги спои двете „Германии“
На 87-годишна возраст во својот дом во Лудвигсхафен, почина поранешниот германски канцелар Хелмут Кол кој се прослави по тоа што успеа да ги обедини Западна и Источна Германија во една држава, соопшти денес весникот „Билд“.
Тој ја покрена иницијативата за соединувањето на двете Германии и беше „движечка сила“ за воведувањето на единствена европска валута, убедувајќи ги скептичните Германци да се откажат од марките.
Кол по Втората светска војна, најдолго од сите беше на функцијата канцелар на Германија - четири последователни мандати.
Кол беше во лоша здравствена состојба и во инвалидска количка од 2008 година.
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон го оцени Кол како „најголемиот европски лидер од втората половина на 20-тиот век“.
