Почина Јованка Броз
По тешко боледување, во 89 година од животот, почина Јованка Броз сопруга на некогашниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито.
Јованка починала во белградскиот ургентен центар денеска во 11:45 минути по локално време.
Таа е родена во 1924 година, а во 1952 година се омажила за Јосип Броз Тито со кого живееше до неговата смрт во 1980 година. Јованка Броз изминатите години живееше во скромни услови во белградската населба Дедиње.
Вдовицата на Тито ретко се појавуваше во медиумите, а во последните месеци големо внимание привлече нејзината исповед.
Слично
