Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почина и сопругата на ајатолахот Хамнеи, беше позната како „невидливата жена“

Почина и сопругата на ајатолахот Хамнеи, беше позната како „невидливата жена“

Мансуре Багерзаде, сопругата на убиениот ирански врховен водач ајатолахот Али Хамнеи, која беше повредена во истиот американско-израелски напад во саботата, им подлегна на повредите.

Хамнеи беше убиен во напад на Америка и Израел врз неколку цели во Иран, а според „Ал Џезира“, неговата сопруга Мансуре Багерзаде почина два дена откако нејзиниот сопруг беше убиен во неговиот комплекс во Техеран.

Иранските медиуми претходно објавија дека ќерката, внуката, снаата и зетот на Хамнеи исто така беа убиени во нападот.

Багерзаде се омажи за Хамнеи во 1965 година, со кого имаше четири сина и две ќерки. Мансур е родена во 1947 година во Машхад во религиозно и релативно познато трговско семејство. Токму затоа што ретко се појавуваше во јавноста и затоа ретко зборуваше на официјални церемонии и државни настани, таа беше наречена „невидлива жена“ на иранското раководство.

Во едно од нејзините ретки интервјуа во 1990-тите, таа откри дека се фокусирала на семејството и стабилноста дома додека Али Хамнеи бил ангажиран во државните работи.

Нејзиното семејство е добро познато во Иран и е претежно на водечки позиции. Нејзиниот татко, Мохамед Есмаил Хоџасет Багерзаде, бил бизнисмен во Машхад, додека нејзиниот брат Хасан претходно работел како заменик-директор на Радиодифузијата на Исламската Република Иран (IRIB), државниот радиодифузен сервис.

Иако Хамнеи владееше и доминираше во политичкиот и религиозниот живот на Иран со децении, не се знаело многу за неговото семејство бидејќи негова одлука била да не ги изложува јавно.

Додека се верува дека далечни роднини на ајатолахот живеат во странство, вклучувајќи извештаи за внуци што живеат во Париз, неговото најблиско семејство останало во Иран за време на нападот.


Слично

Поврзани вести