ПОЧИНА ГОРБАЧОВ-БЕШЕ ПОПУЛАРЕН НА МНОГУ НАЧИНИ, ПА ДУРИ И ВО РЕКЛАМИТЕ ЗА ПИЦА ХАТ И ЛУИ ВИТОН: На Американците се уште им е омилен
Горбачов го
памети светот како голем лидер, но на изборите во Русија во 1991 година беше
поразен. Силниот реформатор, последниот лидер на СССР, Михаил Горбачов, кој
почина во на 92-годишна возраст, по заминувањето од Кремљ, стана првиот
политички лидер во современата руска историја кој имаше активна јавна улога по
години на власт.
Со векови, руските императори и советските владетели држеле функции до нивната смрт или го поминале остатокот од својот живот во дискреција.
Речиси 30 години, Михаил Горбачов го трасираше својот сопствен постсоветски пат.
Западните рекламни видеа
Беше популарен на многу начини, но и во рекламите кои ги правеа западните компании.
Горбачов сними реклама за ланецот ресторани „Пица Хат“ (Pizza Hut), која беше популарна низ целиот свет, но не и во Русија бидејќи таму не се емитуваше. Во рекламата Горбачов шета низ Црвениот плоштад во Москва со девојче која ја глуми неговата внука, а потоа влегуваат во ресторан. Гостите го гледаат и почнуваат да се расправаат - едниот тврди дека на Советскиот Сојуз му дал можности и слобода, додека другиот вели дека само донел економска конфузија и политичка нестабилност.
Ги прекинува трето лице кое вели дека поради него имаат многу работи, „како на пример Пица Хат“. И сите наздравуваат за него!
Во 2007 година, тој се појави во реклама на Луи Витон, која го покажува на задното седиште во автомобил кој вози низ Берлин. Горбачов гледа низ прозорецот на автомобилот во остатоците од Берлинскиот ѕид, а покрај себе има чанта од луксузната марка.
ФОТО: EPA/ALAIN-PIERRE HOVASSE
