Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почина германскиот дипломат кој се противеше на грчкото ембарго над Македонија

Почина германскиот дипломат кој се противеше на грчкото ембарго над Македонија

Поранешниот вицеканцелар и министер за надворешни работи на Германија, Клаус Кинке, почина на возраст од 82 години, објавија германските медиуми.

Кинкел беше претседател на германските либерали (FDP). кои напишаа дека починал "фер и смирен човек со карактер".

За време на војните на територијата на поранешна Југославија, Кинкел беше прв министер за правда, а подоцна и шеф на дипломатијата. Тој се изјасни за формирање на Меѓународниот кривичен трибунал за територија на поранешна Југославија.

Кинкел е првиот германски министри за надворешни работи кој ја посети Македонија во  1995 пред Јошка Фишер во 2001 и Гидо Вестервеле во 2013.

Клаус Кинкел беше во еднодневна посета на Скопје во април 1995 година за време на грчкото ембарго.

„Имам силно чувство дека е дојден моментот Македонија и Грција да ги надминат разликите. Иако Грција е наш европски партнер, ние мислиме дека грчката блокада е погрешен потег“, кажа Кинкел тогаш во Скопје.


Слично

Поврзани вести