Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почина човек кој осум месеци имал коронавирус

Почина човек кој осум месеци имал коронавирус

Во Италија почина човек кој осум месеци имал коронавирус.

Весниците пишуваат за случај со пациент од болницата „Сан Мартино“ во италијанскиот град Џенова, кој цели осум месеци бил позитивен на коронавирус и неодамна починал.

Како што тврди примариус доктор Матео Басети од болницата во Џенова, се работи за досега единствен таков случај во светот. Пациентот имал и други болести, а неговиот имунолошки систем бил ослабен. Вака долг период на зараза со коронавирус, од цели 250 дена, засега не е забележан во светот.

„Овој случај ни покажува уште колку многу не знаеме за Ковид-19“ рекол доктор Басети за агнецијата Анса. 

Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починале 659 луѓе, а се регистрирани нови 11.200 случаи. Италија  е една од најпогодените европски земји. 

Слично

Поврзани вести