Почина Британецот кој прв во светот ја прими вакцината на Фајзер
Првиот човек на
светот кој ја прими вакцината од Фајзер/БиоНТек, Британецот Вилијам Шекспир,
почина на 81-годишна возраст од болест што нема никаква поврзаност со Ковид-19.
Шекспир ја прими првата доза на Фајзер во декември во болница во градот Ковентри и со тоа стана првиот маж, односно втората личност во светот што прими вакцина против корона вирусот.
Пред него, првата што ја прими вакцината на Фајзер беше 91-годишната Маргарет Кинан.
Инаку, лани во декември, како што пишуваа британските медиуми, Шекспир со нетрпение чекал ред во болницата да ја прими првата доза од вакцината, а откако ја прими изјави дека е воодушевен.
Photo via Reuters video
Слично
