Почина Британецот кој „падна“ во рацете на руските сепаратисти, а Британија бара објаснување
Почина Британецот Пол Уреј кој „падна“ во рацете на руските сепаратисти во Украина.
Тој беше заробен заедно со Дилан Хили додека, наводно, се обидувале да направат хуманитарна мисија за спасување на 25 април. Тие сакале да влезат на територијата под контрола на Русија низ контролната точка јужно од градот Запорожје, наводно, за да спасат една жена и нејзиното семејство.
Мајката на Уреј изјави дека е исклучително загрижена за неговото здравје со оглед на тоа дека нејзиниот син имал дијабетис тип 1. Официјалните лица од новопрогласената Народна Република Доњецк, велат дека Уреј починал од „здравствени проблеми и од стрес“, објави BBC.
Велика Британија „итно бара објаснување” по објавата дека во притвор починал Пол Уреј, Британец, заробен во Украина од страна на проруските сепаратисти.Русите објавуваат колкав број платеници и од кои земји се борат во Украина на страната на украинските сили.
Слично
