Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почина африканскиот диктатор Роберт Мугабе

Почина африканскиот диктатор Роберт Мугабе

Поранешниот претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе, почина на 95-годишна возраст, објави во петокот сегашниот претседател Емерсон Мнангагва.

„Со голема тага објавувам дека основачот и поранешен претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе, почина“, објави Мнангагва на Твитер.

„Неговиот придонес во историјата на нашиот народ и африканскиот континент никогаш нема да биде заборавен. Нека неговата душа почива во вечен мир“, додаде Мнангагва.

Мугабе владееше со Зимбабве 37 години, а се повлече од функцијата во 2017 година, откако парламентот започна постапка за негово повлекување и армијата ја зазеде власта и го смести во куќен притвор.

Мнангала е негов наследник какко долгогодишен заменик на Мугабе, кој па владееше сурово и со жестоки критики кон Западот. Владеењето на Мугабе беше обележано со репресија на опозицијата и тешка економска криза. Околу 90 проценти од активното население во времето на неговото владеење било невработено.


Слично

Поврзани вести