Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почеток на „пеколот“ кој Јордан им го подготвува на џихадистите

Почеток на „пеколот“ кој Јордан им го подготвува на џихадистите

Воздушните удари кои Јордан ги изведе на подрачјата на џихадистите од Исламската држава се почеток на одмаздата на Јордан поради убиството на пилотот, но не се и почеток на борбите против тероризмот, рекол јорданскиот министер за надворешни работи Насер Џуда, кој истакнал дека Исламската држава ќе биде уништена.

„Го подигаме влогот. Идеме по нив кај и да се, со се што имаме. Но, тоа не е почеток и сигурно не е крај“, рекол Џуда, јавува Си-Ен-Ен.

Јордански борбени авиони извеле во четвртокот воздушни напади на подрачјата на џихадистите во Сирија, ден откако кралот на таа земја порача дека ќе поведе немилосрдна војна против Исламската држава, која контролира делови на соседна Сирија и Ирак.

Таткото на убиениот пилот рекол дека кралот Абдулах Втори му рекол дека 30 јордански авиони учествувале во мисијата под името „Маченикот Муат“.

Слично

Поврзани вести