Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПОБЕДИВМЕ, МОРА БРЗО ДА СЕ ФОРМИРА КОАЛИЦИЈА“ – ПРВАТА ИЗЈАВА НА МЕРЦ: Германскиот Бундестаг би можел да изгледа вака

„ПОБЕДИВМЕ, МОРА БРЗО ДА СЕ ФОРМИРА КОАЛИЦИЈА“ – ПРВАТА ИЗЈАВА НА МЕРЦ: Германскиот Бундестаг би можел да изгледа вака

Унијата ЦДУ/ЦСУ чиј лидер е Фридрих Мерц и идне Канцелар на Германија извојува победа на денешните парламентарни избори, но неизбежно е коалицирање со останатите партии.  

Две работи се јасни: Мерц победи, но мора да влезе во коалиција, а десницата е во историски подем по Втората светска војна. Сепак, има уште една работа на која треба да се обрне внимание: дали помалите партии како ФДП на Кристиан Линднер, доскорешниот коалициски партнер во владата на Олаф Шолц и БСВ ќе го поминат прагот на цензусот?

ЦДУ/ЦСУ 211 места

AfD 142 места

СПД 116 места

Зелените 98 места

Според првите излезни анкети, партијата на Мерц заедно со Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), освои вкупно 29 отсто од гласовите

„Она што сакам да им го кажам на нашите гласачи е ви благодарам што ја дадовте довербата во нас, во мене лично и во нашата партија, бидејќи знам што значи тоа во однос на одговорноста“, продолжи тој.

„Свесен сум за обемот на работа пред нас. „Ја преземам оваа одговорност со најголема почит.

Тој нагласи дека е неопходно брзо да се формира коалиција.

„Надворешниот свет нема да не чека“, рече тој.

„Сега ќе разговараме меѓу себе и мора што поскоро да формираме стабилна влада во Германија - влада која ќе може да дејствува врз основа на мнозинската поддршка.

фото: EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Слично

Поврзани вести