Економија, финансии, бизнис

Контакт

Победата на Украина ќе го заштити мирот во Европа

Победата на Украина ќе го заштити мирот во Европа

На 24 февруари Русија започна војна од големи размери не само против Украина, туку и против цела Европа. Русија ги напаѓа Украинците со ракети и тенкови, а Европејците со енергетски уцени, инфлација и пропаганда. Всушност, од тој момент отворено се води војна на идеологии - автократија против демократскиот свет.

Во извесна смисла, Западот ја испровоцира Русија давајќи ѝ ги на Москва сите потребни ресурси за агресија. ЕУ не реагираше соодветно во 2008 година, кога Русија ја нападна Грузија, а немаше реакција ни на руската окупација на Крим и создавањето на злосторни енклави во источна Украина. При тоа, Западот активно го зголеми снабдувањето со гас и нафта од Москва. Ако во 2013 година Европа увезла 218 милијарди кубни метри гас, тогаш во 2019 година тоа е веќе 229 милијарди, а нафта - од 327 милиони тони на 374 милиони тони во 2021 година.

Почнувајќи со анексијата на Крим до почетокот на 2022 година, Европа му плати на Кремљ 1,389 трилиони долари за нафта и 354 милијарди долари за гас. Односно, Москва доби вкупно 1,743 милијарди долари од Западот, што овозможи систематско зголемување на трошоците за армијата.

Истовремено, од моментот на воведување на санкциите во 2014 година, Франција и Германија ја вооружија Русија со 273 милиони евра. Вкупно, 10 земји од ЕУ ѝ доставија на Русија воена опрема вредна 350 милиони евра. Станува збор за мотори и термографски камери за тенкови, системи за наведување на ракети и борбени летала итн. Сега со ова оружје војуваат против Украина.

Украина од друга страна Европа воопшто не ја снабдуваше со „смртоносно оружје“ до 2022 година, смирувајќи го на тој начин рускиот агресор. Затоа, Путин започна војна со убеденост дека на западните земји ќе им недостасува решителност да се борат против руската агресија.

Намалувањето на структурната енергетска зависност на Европа од Русија е од големо значење. Откажувањето од руските извори на енергија подразбира значителни економски загуби за голем број земји, но тоа е цената на мирот на европскиот континент. Енергетската зависност одигра важна улога во првичните пресметки на Путин во врска со офанзивата од големи размери против Украина.

Оние кои меѓу европските граѓани сметаат дека ова се однесува само на Украина се наивни. Путин сака да го уништи нормалниот живот на Европејците. Затоа, поразот на Украина не само што нема да го спречи Путин да ги спроведе натамошните агресивни планови за Европа, туку конечно ќе ја закопа парадигмата на размислување за супериорноста на западниот модел на општество.

Москва ги смета за своја зона на влијание сите земји од „Варшавскиот пакт“, односно источниот дел на Европа. Токму за ова зборуваше Путин кога побара НАТО да се „врати“ на границите од 1997 година. Затоа, по Украина, Молдавија и балтичките земји можат да станат предмет на руска агресија.

Денес Украина им пречи на агресивните планови на Путин. Кога Украина ќе победи, Европа и целиот свет ќе бидат безбедни. Украина, со доволна поддршка од партнерите, е во состојба да го порази Путин на своја територија и да го спречи да му создава уште повеќе проблеми на секој граѓанин на ЕУ.

Поддршката за Украина не е добротворност, туку заеднички прагматичен интерес на европската заедница. Силна и добро вооружена Украина е најдобрата инвестиција во долгорочната безбедност на Европа, благосостојбата и стабилноста на секое европско семејство.

Русија со нетрпение очекува кога, конечно, Украина ќе престане да дава отпор и ќе се согласи да се предаде. Привремен прекин на огнот нема да промени ништо. Било кој успех на Русија од нејзината агресија само ќе доведе до уште поголеми проблеми и ќе ја дестабилизира внатрешно-политичката ситуација во голем број европски земји.

Денес, украинското општество се бори за иднината на цела Европа. Затоа, испораката на големи количини модерно оружје за Украина ќе ја одреди победата на демократијата над путиновата Русија.

Извор:

https://moldova-news.md/victoria-ucrainei-va-proteja-pacea-in-europa/

ПР Објава на Здружението Лесја Украинка

Ставовите изразени во овој текст се тврдења на Здружението и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Фактор
Слично

Поврзани вести