ПОБЕДА ЗА УРСУЛА И ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА! Претседателката сепак ја доби довербата на Европскиот парламент
Предлогот за недоверба на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, не го доби потребното мнозинство на гласањето во Европскиот парламент во четврток.
Предлогот беше категорично отфрлен, бидејќи само 175 пратеници гласаа „за“, 360 „против“ и 18 „воздржани“.
Предлогот за недоверба, инициран од десничарскиот романски пратеник Георге Пипереа, ја обвини комисијата за недостаток на транспарентност и лошо управување, особено во врска со политиката за Ковид-19.
Обраќајќи се пред пратениците во говорот во понеделник, фон дер Лајен ги отфрли обвинувањата, обвинувајќи ги своите противници дека немаат одговори на политичките проблеми и дека поттикнуваат теории на заговор.
За гласањето да биде успешно - што би ги принудило фон дер Лајен и нејзиниот тим од 26 европски комесари да поднесат оставка - било потребно двојно мнозинство, кое се состои од две третини од гласовите и мнозинство од 720-те места во парламентот, пренесува ДПА.
