Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОБЕДА НА СИНДИКАТОТ: Германците се изборија-и за повисоки плати и за кратко работно време

ПОБЕДА НА СИНДИКАТОТ: Германците се изборија-и за повисоки плати и за кратко работно време

Најголемиот германски синдикат на индустриски работници и работодавци денес постигнаа договор за платите и работно време, и така ставија крај на спорот кој доведе до низа штрајкови минатата недела.

Синдикатот на ИГ метал и работодавците во сојузната држава Баден Виртемберг, еден од индустриските центри на Германија се договориле за зголемување на платите од 4,3 отсто од 1 април.

Договорот постигнат во еден регион најчесто се применува во целата земја, во која има околу 3,9 милиони индустриски работници.

Договорот вкучува и можност за флексибилно работно време. Работниците ќе имаат право да го намалат работното време на до 28 часа неделно во текот на најмногу две години, што било барање на синдикатот, додека работодавците ќе може да ангажираат повеќе работници на 40-часовни работни недели отколку досега.

Договорот ќе трае до март 2020.

Слично

Поврзани вести