ПО ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ПРВИ ВАКЦИНИРАНИ ЌЕ БИДАТ РАБОТОСПОСОБНИТЕ: Индонезија сака побрзо да ја зајакне економијата
Индонезиските
власти одлучија вакцината против Ковид-19, веднаш по здравствените работници и
јавните службеници да ја примат работоспособните граѓани. Овој поинаков пристап
од останатите земји тие го објаснуваат со тоа дека предност ќе има возрасно
работоспособно население наместо старите лица, со цел повторно зајакнување на економијата.
Таму засега е одобрена само кинеската вакцина од фармацевтската компанија „Синовак“, за која засега нема доволно податоци како делува врз старите лица, бидејќи во клиничките тестирања учествувале луѓе на возраст од 18 до 59 години.
Инаку, Индонезија има договор да добие 125,5 милиони дози од вакцината на „Синовак“ со која прво ќе се вакцинира активното население.
Слично
