Економија, финансии, бизнис

Контакт

По заканите од Медведев: Трамп наредил две нуклеарни подморници да се распоредат во „соодветни региони“

По заканите од Медведев: Трамп наредил две нуклеарни подморници да се распоредат во „соодветни региони“

Американскиот претседател Доналд Трамп наредил две нуклеарни подморници да се распоредат во соодветни региони и вели дека тоа е одговор на нападите од поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев. 

„Врз основа на многу провокативни изјави на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, кој сега е заменик-претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација, наредив распоредување на две нуклеарни подморници во соодветните региони, за секој случај ако овие глупави и провокативни изјави се покажат како нешто повеќе од тоа. Зборовите се многу важни и честопати можат да доведат до несакани последици. Се надевам дека ова нема да биде еден од тие случаи. Ви благодарам за вашето внимание по ова прашање!“, рече Трамп, според Newsweek.

Трамп даде рок и очекува до 8 август Русија да прекине со воени дејствија во Украина, инаку ќе воведе нови санкции. Со овие закани Медведев се исмеваше. 

Американскиот претседател ги нарече Русија и Индија „мртви економии“ во денешната изјава за медиумите, на што Медведев пак му се закани. 

„А што се однесува до „мртвите економии“ на Индија и Русија и „влегувањето во опасна територија“, па, нека се сети на своите омилени филмови за „живеачките мртви“ и колку опасна може да биде наводно непостоечката „Мртва рака“, додаде тој.

Медведев беше руски премиер пред да го замени сегашниот претседател Владимир Путин на таа позиција од 2008 до 2012 година. 

foto EPA/ERIC LEE / POOL

Слично

Поврзани вести