Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО ВОЕНИОТ ИНСТИТУТ ТВЕР ИЗГОРЕ И НАЈГОЛЕМАТА ХЕМИСКА ФАБРИКА ВО РУСИЈА: Втор мистериозен пожар за само неколку часа

ПО ВОЕНИОТ ИНСТИТУТ ТВЕР ИЗГОРЕ И НАЈГОЛЕМАТА ХЕМИСКА ФАБРИКА ВО РУСИЈА: Втор мистериозен пожар за само неколку часа

Огромен пожар избувна во една од најголемите хемиски фабрики во Русија. Драматична снимка покажува чад од хемиската фабрика Дмитриевски во градот Кинешма, околу 250 милји источно од Москва, наведува Mirror.uk.

Фабриката, која е најголемиот производител на хемиски растворувачи во земјата, е на околу 950 километри од границата со Украина.

Се уште не е познато што го предизвикало избувнувањето на пожарот - но се случува истиот ден кога избувнал огромен пожар во одбранбената постројка, при што загинале седум лица.

Хемиската фабрика Дмитриевски е најголем производител на бутил ацетат и индустриски растворувачи во Русија и Источна Европа.

Исто така е снабдувач на широк спектар на хемиски и петрохемиски производи во Русија и во светот.

Сликите од пожарот многу брзо беа споделени на социјалните мрежи, но властите допрва треба да потврдат дали има жртви.

Пред да се случи овој пожар, како што пишува британскиот медиум, научниците биле принудени да скокаат од прозорците во друга огнена стихија во воениот Институт Твер, кој развива нови вселенски и оружени системи.

Официјални лица потврдија дека во тој пожар загинале пет лица.

Пожарот бил во Вториот централен истражувачки институт на Министерството за одбрана на Руската Федерација, кој бил вклучен во развојот на ракетите Искандер кои се користат во Украина.

ФОТО: Твитер

Слично

Поврзани вести