ПО ВЕЛИГДЕН: Италија чекор по чекор ќе ги укинува блокадите
По Велигден Италија полека ќе се враќа во живот.
Блокадата која беше воведена за запирање на ширењето на новиот коронавирус ќе биде укината во две фази.
Првиот чекор ќе биде постепеното започнување со производствени активности, а вториот, што се очекува да се случи на 4 мај, се однесува на измените во мерките за ограничување на движењето на жителите на таа земја.
Важно е да се избегне собирање луѓе за римокатолички Велигден на 12 април, проследено со Денот на ослободување на Италија, 25 април и Меѓународниот ден на трудот, 1 мај, за да се спречи ширењето на вирусот.
Првиот чекор по 13 април, се однесува на постепено започнување со производствени активности, а вториот од 4 мај се однесува на промена на мерките за движење во и надвор од изолација.
Додека европските земји се прокупирани со мерките за стопирање на ширењето на вирусот, Нов Зеланд е земја која за брзо време успеа да има повеќе излечени од заразени.
