Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО УРНАТИОТ УКРАИНСКИ АВИОН: Зеленски побара да се казнат одговорните а Техеран да се подготви

ПО УРНАТИОТ УКРАИНСКИ АВИОН: Зеленски побара да се казнат одговорните а Техеран да се подготви

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска побара казнување на одговорните за уривањето на ураинскиот авион во Иран, како и за Техеран да плати обештетување на семејствата на 176 повредени патници и членови на екипажот.

Зеленски на Фејсбук напиша  дека „очекува Иран да ги донесе виновниците пред лицето на правдата, да плати отштета и да ги врати телата на жртвите“.

„Се надеваме дека истрагата ќе се спроведе без намерно одложување и пречки. На нашите 45 експерти им треба неограничен пристап до сите елементи на истрагата“, напиша украинскиот лидер.

Вчера, Украина објави дека нејзините експерти во Иран добиле пристап до црните кутии на авионите и снимките од разговорите на пилотите и иранските контроли на летот.


Слично

Поврзани вести