ПО УДАРОТ НА „САТАНАТА“ ЌЕ ИМА САМО ПЕПЕЛ-НОВА НУКЛЕАРНА ЗАКАНА ОД РУСИЈА: „Од Мексико ќе се гледаат облаци во форма на печурки“
Алексеј Журавлев, пратеник во парламентот на Путин, рече
дека Русија може да го уништи источниот и западниот брег на САД со само четири
проектили.
Во руските државни медиуми се појави уште една застрашувачка нуклеарна закана за САД. Пратеникот на Путин Алексеј Журавлев се пофали дека Путин може да го уништи целиот источен и западен брег со само четири проектили.
„Нема да остане ништо на двата брега по новата руска нуклеарна бомба „Сармат“ или Сатана 2, а од Мексико ќе бидат видливи облаци во форма на печурки“, рече Журавлев.
Слично предупредување дојде и од Дмитриј Рогозин, кој рече дека нуклеарната бомба Сатана 2 може да уништи „половина од американскиот брег“.
Ракетата RS-28 Sarmat може да разнесе цели со брзина од речиси 16.000 милји на час, носи 15 боеви глави и има потенцијал да уништи област со големина на Тексас со еден удар, изјави Дмитриј Рогозин, шеф на руската вселенска агенција Роскосмос.
ФОТО: YouTube Print screen