По три дена чекање цивили избегаа од пеколот во Мариупол
Цивили од Мариупол се транспортирани во Запорожје.
Голема колона автомобили и комбиња со бегалци од украинскиот град Мариупол пристигна во Запорожје. По три дена чекање, успеaja да заминат од градот.
„Мариупол. Евакуација. Добри вести. Огромна колона автомобили со жителите на Мариупол (од 500 до 1.000 автомобили), кои го чекаа преминот повеќе од три дена, конечно доби дозвола да вози кон Запорожје. Конечно, чекаме нашите родни жители на Мариупол дома“, напиша советникот на градоначалникот, Петро Андриушченко.
Два месеци руските сили вршат напади на Мариупол, кој пред војната имал над 400.000 жители.
Турција се нуди да ги повлече ранетите украински борци од Мариупол. Иако имаше прогнози дека Украина ќе капитулира за неколку дена, денес е 81-от ден од почетокот на војната.
Слично
