По точно една година од првиот официјален случај на Ковид-19 СЗО ќе влезе во Вухан, епицентарот на пандемијата
Експерти на
Светската здравствена организација, в четврток на 14 јануари ќе допатуваат во
Вухан, кинескиот епицентар на пандемијата на Ковид-19, од каде се проишири низ
целиот свет. Целта на СЗО е да се истражи потеклото на корона вирусот, заради
што експертскиот тим требаше да влезе во Вухан уште на почетокот на месецов, но
официјален Пекинг не даде одобрување.
Инаку, според официјалните податоци, точно пред една година Кина го пријави првиот смртен случај од непознатата болест, иако неофицијално Ковид-19 бил присутен во земјата уште во почетокот на декември.
По речиси три месеци целосен карантин во 11-милионскиот Вухан, каде немаше никакво движење, локалните власти прогласија крај на болеста, а сега една година подоцна животот е нормализиран.
Кина објави вкупно 4.634 починати од Ковид-19, а вкупниот број на заразени со вирусот е 87. 536 луѓе. Во светот пак, од смртоносниот вирус има 1,9 милиони починати, а бројот на заразени е повеќе од 90 милиони.
ФОТО/Youtube