ПО ТЕЛЕФОНСКИОТ РАЗГОВОР ПУТИН-ЕРДОГАН: Односите на Русија и Турција „нормализирани“
Рускиот претседател Владимир Путин нареди да почне процес на „нормализација“ на трговијата со Турција.
Путин денеска го повика телефонски турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Нивниот прв разговор после седум месеци траел 40 минути.
После телефонскиот разговор со својот турски колега, Путин и наредил на руската влада да започне процес на враќање во нормала на соработката со Турција, пред се кога се работи за трговијата и економските врски.
Путин исто така наредил и да се укинат ограничувањата за патување на руски државјани во Труција.
Русија и воведе санкции на Турција, откако Анкара лани во ноември собори руски борбен авион. Ердоган, пред два дена, во писмо до Путин изрази жалење поради соборувањето на борбениот авион СУ-24.
