По страшниот напад, две држави се откажаа од евакуација на Авганистанци
Две земји се откажаа од евакуација на Авганистанци по страшниот напад кај аеродромот во главниот град Кабул.
Австралија и Нов Зеланд ги прекинаа летовите, пишуваат странските медиуми. Последниот лет за евакуација на Нов Зеланд слета синоќа во Обединетите Арапски Емирати, непосредно пред нападот. Ниту еден припадник на силите за национална одбрана не бил во Кабул за време на нападот и ниту еден државјанин на Нов Зеланд не останал на аеродромот. Премиерката на Нов Зеланд, Jacасинда Ардерн изјави дека нема да има повеќе летови за евакуација од Кабул. Тие остро го осудија нападот.
Австралискиот министер за одбрана Питер Датон потврди дека Австралија ја заврши мисијата за евакуација. Тој го нарече нападот „страшен“, и рече дека засега не е јасно дали Австралијците се погодени од овие напади.
Русија и Кина денес најостро го осудија двојниот самоубиствен напад кој го изврши Исламска држава во близина на аеродромот во Кабул, во кој загинаа најмалку 85 луѓе, меѓу кои и 13 американски војници.