Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО СТАПКИТЕ НА САД: Уште една земја излегува од СЗО

ПО СТАПКИТЕ НА САД: Уште една земја излегува од СЗО

И Аргентина ќе излезе од Светската здравствена организација(СЗО). 

По САД и Аргентина ќе се повлече од СЗО, соопштија денеска од кабинетот на претседателот Хавиер Милеи.

Неговиот портпарол, Мануел Адорни, изјави дека претседателската одлука е донесена поради „длабоки разлики во однос на здравствениот менаџмент, особено за време на ковид-пандемијата“.

Адорни изјави и дека Аргентина нема да дозволи меѓународно тело да се меша во нејзиниот суверенитет“.

Милеи е голем поддржувач на американскиот претседател Доналд Трамп, кој само неколку часа по инаугурацијата на 20 јануари потпиша наредба неговата земја да се повлече од СЗО.

САД се најголемиот донатор и партнер на СЗО. Во 2022 и 2023 година тие обезбедија милијарда и 284 милиони долари во 2022 и 2023 година.

Во 2020 година, во неговиот прв мандат Трамп ги повлече САД од СЗО. Тогаш рече дека организацијата не успеала да се справи со пандемијата на коронавирусот и дека е марионета на Кина. Но, во 2021 година, неговиот следбеник Џо Бајден ги врати САД во СЗО.

Слично

Поврзани вести