ПО СОБОРУВАЊЕТО НА МАЛЕЗИСКИОТ АВИОН: Авиокомпаниите ја заобиколуваат Украина!
По падот на малезискиот авион Боинг 777 во Украина, во близина на границата со Русија, многу авиокомпании експресно објавија дека нема да го користат за прелети украинскиот воздушен простор.
Француската авиокомпанија „Ер Франс“ соопшти дека ќе ги избегнува источните области на Украина, додека руската „Трансаеро“ најави дека во целост ќе го избегнува украинскиот воздушен простор за идните летови.
Како што објави Ројтерс, ниту „Туркиш Ерлајнс“ нема да лета над Украина, а истата одлука ја донел и руски „Аерофлот“.
Воздушниот простор над Украина, каде наводно бил соборен авионот, не бил затворен за авиосообраќај и не беше предмет на рестрикции, соопшти Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (ИАТА).
Малезискиот авион со 295 патници и членови на екипажот летал на релација Амстердам-Куала Лумпур, кога се урнал во близина на украинско-руската граница. Во несреќата нема преживеани.
По информациите за овој настан, акциите на американските и европските берзи доживеаја драматичен пад. Соборувањето на авионот предизвикало страв кај инвеститорите од можноста за ново влошување на тензиите меѓу Русија и Украина.
(ФОТО) Малезискиот патнички авион соборен, никој не презема одговорност!
Слично
