ПО СКОРО ПЕТ ГОДИНИ: Северна Кореја повторно се отвора за туристи
Северна Кореја повторно се отвора за туристи.
Таа на крајот на годинава повторно ќе биде отворена за туристи, скоро пет години откако целосно ги затворила границата поради пандемијата на коронавирусот. Информацијата ја објавиле две туристички компании кои работат со земјата.
„Добивме потврда од нашиот локален партнер дека туризмот во Самџијон, а веројатно и во остатокот од земјата, официјално ќе биде продолжен во декември оваа година“, навеле од Корио Турс, додавајќи дека програмата и останатите детали ќе бидат познати во наредните денови и недели.
Самџијон е кај кинеската граница и е блиску до највисокиот врв на Корејскиот полуостров, планината Паекту, активен вулкан од најголема важност и историско значење за Северна Кореја, затоа што се смета за колевка на корејскиот народ.
