По скандалот со прислушувањето, германските политичари ќе мора да се откажат од своите Ајфони
По скандалот со прислушувањето, германските политичари ќе треба да ги сменат своите телефони iPhone со нови криптирани телефони, објави германското издание The Local . Промената е итна и ќе ги обврзе високите политичари во Германија да ги прават своите разговори само со заштитени мобилни телефони . Таа сепак ќе стапи во сила по формирање на владата меѓу социјалдемократите и христиандемократите . Преговорите меѓу двете партии сеуште продолжуваат .
Заштитата ќе се обезбедува со посебен софтвер , но бидејќи тој не е компатибилен со уредите на Apple, тоа ќе значи дека и Ајфоните ќе исчезнат од елитата на германската политика .
Кон средината на октомври, сериозен скандал ги потресе односите меѓу САД и Германија . Тогаш стана јасно дека Американската Национална агенција за безбедност ја прислушувала германската канцеларка Ангела Меркел.
Германските медиуми дури сугерираат дека Меркел била прислушувана уште од 2002 година , три години пред да дојде на чело на најмоќната европска економија . Тогаш таа беше лидер на најголемата партија во опозиција .
Во оваа фаза американските партнери велат дека прислушувањето е запрено, а за тоа наредба издал самиот Барак Обама , кој исто така истакнал дека е изненаден од активностите на службите во неговата земја . По скандалот значително падна довербата на Германците кон САД и претседателот Барак Обама .
Слично
