Економија, финансии, бизнис

Контакт

По скандалот околу гигантот „GlaxoSmithKline“, Кина им објави војна на нелегалните лекови

По скандалот околу гигантот „GlaxoSmithKline“, Кина им објави војна на нелегалните лекови
Затегнување на регулативата во фармацевтската индустрија, како и преземање на сериозни мерки на национално ниво против продажбата на нелегални лекови, објави Кина. Како што информира “Ројтерс”, ова решение следува по неодамнешниот корупциски скандал околу британскиот гигант „GlaxoSmithKline“, во кој кинеската полиција пред два дена, се справи со серијата на корупција на политичарите и лекарите. Нелегалните лекови и нелојалното рекламирање и пласирање на пазарот се долгогодишен проблеми за Кина. Во август 2012 година, на пример, полицијата приведе околу 2.000 лица во голема акција, чија што цел беше конфискација на лажни лекови. Беа приведени и производи во вредност од 180 милиони долари, а над илјада објекти за производство им беа уништени.  
Слично

Поврзани вести