По шест дена жена во Мароко е спасена од урнатините
По цели шест дена по разорниот земјотрес од 6.8 степени кој го погоди Мароко, жена е извадена од урнатините.
Спасувачите ја извлекле во село во централно Мароко. Возилото на Брзата помош ја однело до првата болница која се наоѓа на 60 километри. Земјотресот кој го стресе Маракеш, предизвика штети и во неколку други градови како Рабат, Фес, Казабланка, Мекнес и Агадир.
Околу 50.000 станбени објекти целосно или делумно се оштетени во разорниот земјотрес што го погоди Мароко. Во февруари годинава во Турција имаше силни земјотреси, при што загинаа над 54.000 луѓе, а се случуваше по неколку дена луѓето или домашните миленици да преживеат под урнатините.
Слично
