Економија, финансии, бизнис

Контакт

По Саудиска Арабија и Русија ги пушта акциите на своите нафтени компании на берзата

По Саудиска Арабија и Русија ги пушта акциите на своите нафтени компании на берзата

Саудиска Арабија и Русија почнаа да посегнуваат по најпрофитабилните нафтени компании со надеж да си обезбедат свежи пари за опстанок во кризата на ниските цени, пишува „Блумберг“. Веќе е познато дека се планира пуштањето на акции за слободна продажба или „IPO“ од „Saudi Aramco“, најголемата нафтена компанија во светот која произведува околу 1/8 од суровата нафта во светот.

Денес беше јасно дека таков чекор се предвидува и од страна на Русија, особено за најголемата руска нафтена компанија „Роснефт“. Во неа државата држи 69.5% од акциите и идејата е 19.5% од овој пакет да биде предложен на инвеститори.

И двете држави ја пропуштија шансата да ги направат економиите помалку зависни од извозот на нафта и сега продажба на удели од големи нафтени компании изгледа како добар потег.

Според рускиот министер за финансии Антон Силуанов, Владата се надева да добие од продажбата на акциите на „Роснефт“ околу 6.6 милијарди долари, но ќе го задржи контролниот пакет како државна сопственост.

Според експертите сепак таа цена е доста нереална предвид длабоката ценовна криза на нафтените пазари и недостатокот на јасна перспектива кога добивањето на нафта ќе се врати на најпрофитабилните сектори на економијата.

Слично

Поврзани вести