По притисок на Обама, Турција ја повлекува војската од Ирак
Откако американскиот претседател Барак Обама, апелираше до претседателот Реџеп Таип Ердоган да ги ублажи тензиите со Ирак и да ги повлечи воените сили, турските власти најавија повлекување.
„Земајќи ја во предвид осетливоста на ирачката страна, Турција ќе продолжи да ги повлекува војниците, стационирани во провинцијата Мосул, соопшти од турското министерство за надворешни работи.
Ова следува откако Обама во петокот го повика Ердоган во телефонски разговор да ги ублажи тензиите со Ирак и да продолжи со повлекување на своите сили.
Инаку, Турција испрати стотици војници во Башика минатиот месец, трвдејќи дека тие треба да го штитат турскиот воен персонал кој ги обучува ирачките милиции кои се борат против Исламска држава. Багдад го критикуваше нивното влегување и веднаш побара Турција да ги повлече војниците.
